Дома Топ вести Баерн се вклучи во трката за новата италијанска ѕвезда!

Баерн се вклучи во трката за новата италијанска ѕвезда!

Италијанските медиуми пренесуваат дека Баерн Минхен се вклучил во трката за ѕвездата на Фиорентина, Федерико Киеза.

За 21-годишниот крилен напаѓач се „тепаат“ најголемите италијански клубови, но сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Баерн Минхен.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Баварците спремаат реконструкција на тимот и еден од играчите кои ова лето скааат да ги донесат на „Алијанц Арена“ е токму Киеза. „Билд“ пренесува дека Баерн спремил богата понуда и наскоро е спремен да започне преговори за Италијанецот.

Најсилен интерес за Киеза покажува италијанскиот шампион Јувентус, медиумите тврдеа дека „старата дама“ е во пол-позиција, но интересот на Баерн може да ги искомплицира работите.

Фиорентина за слободата на својата ѕвезда бара најмалку 70 милиони евра, а Баерн наводно е спремен да ја плати таа сума бидејќи во Италијанецот гледа идеална замена за Рибери.

За Киеза интерес покажувата уште Интер, Милан и Ливерпул, па сигурно ќе гледаме голема битка ова лето за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сејдини: Македонија може да има успех во Лигата на Нации, знам дека тоа го мисли и селекторот

На Редовното генерално Собрание на Фудбалската федерација (ФФМ) на Македонија, претседател…