Дома Фудбал Германија Баерн нема да биде казнет за играњето со 12 фудбалери против Фрајбург

Баерн нема да биде казнет за играњето со 12 фудбалери против Фрајбург

Баерн Минхен минатиот викенд славеше со 4:1 против Фрајбург, а овој натпревар привлече внимание и затоа што во еден момент на теренот Баерн имаше 12 фудбалери.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ситуацијата се случи на 17 секунди пред крајот на натпреварот. Фрајбург се жалеше на прекршување на правилото и на Баерн му се закануваше  службен пораз, но спортскиот суд ја отфрли жалбата со образложение дека никој не бил оштетен.

На шест кола пред крајот на Баерн потребни му се уште девет бода за и официјално да ја одбрани круната и да ја продолжи доминацијата во Бундеслигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Судење за смртта на Марадона: Откриени нови детали

Повеќе од шест години по смртта на Диего Марадона, во судскиот процес што се води во Сан И…