![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2020/03/баерн-800x491.jpg)
Ѕвездата на Манчестер Сити, Лерој Сане донел конечна одлука да се врати во Германија и да го облече дресот на Баерн Минхен, пренесува „Билд“.
Во текот на целото лето Сане беше поврзуван со трансфер во Баерн, но на првиот меч во август тој се повреди и трансферот пропадна.
Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓
Крилниот фудбалер веќе го известил раководството на „граѓаните“ дека не сака да потпишува нов договор и сака што побрзо да се пресели во Баерн Минхен.
„Билд“ пренесува дека минатата недела раководството на Баерн имало состанок со агентите на Германецот и трансферот е начелно договорен.
Сити е спремен да го пушти Сане, но само доколку пристигне понуда од 100 милиони евра. „Билд“ тврди дека Баварците се спремни да ја платат таа сума и да го направат Сане најскапо засилување во историјата на клубот.