Дома Трансфер зона Баерн Минхен и Јувентус спремаат голема трампа

Баерн Минхен и Јувентус спремаат голема трампа

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ е силно заинтересиран за плејмејкерот на Јувентус, Родриго Бентанкур.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Главна цел на Баварците во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, а Бентанкур е на врвот на листата желби.

Уругваецот оваа сезона не добива голема минутажа и Јувентус е спремен да го продаде, а Баврците и нудат трампа на „старата дама“.

Имено, Баерн е спремен да понуди трампа, така што во Торино ќе ги испрати Леон Горецка.

Горецка има договор до 2022 година и на лето ќе влезе во последната година од договорот, а Јувентус е заинтересиран за Германецот.

Наводно Салихамиџиќ веќе остварил контакт со Јувентус и започнал преговори со раководството на „старата дама“ со кого има одлични односи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…