Дома Фудбал Германија Баерн го разби Ајнтрахт за нова шампионска титула! (ВИДЕО)

Баерн го разби Ајнтрахт за нова шампионска титула! (ВИДЕО)

0

Баерн Минхен во последното коло од германската Бундес лига стигна до победа на „Алијанц Арената“ против Ајнтрахт Франкфурт со резултат 5:1 и така ја обезбеди титулата шампион.

На Баерн му беше потребен само бодп ротив Ајнтрахт за титулата шампион, но екипата на Нико Ковач од првата минута тргна фуриозно.

Уште во четвртата минута Баерн стигна до водство преку Кингсли Коман кој погоди за 1:0. Потоа следуваа неколку одлични шанси пред во 26-тата минута Левандовски ја погоди мрежата, но ВАР го поништи тој гол поради офсајд.

Во продолжение следуваше мал шок за Баерн бидејќи Халер изедначи на 1:1, но само три минути подоцна Алаба погоди за ново водство на Баерн.

Потоа во игра влегоа Рибери и Робен кои заедно со Рафиња го одиграа последниот натпревар за Баерн. Рибери во листата на стрелци се запиша во 72-та минута, а Робен ги постави конечните 5:1 и така на најдобар начин се простија од Баерн.

Борусија Дортмунд победи против Менхенгладбах (0:2), но поради победата на Баерн тоа не им помогна многу.

БУНДЕС ЛИГА ПОСЛЕДНО КОЛО РЕЗУЛТАТИ:

Борусија Менхенгладбах – Борусија Дортмунд 0:2

Баерн – Ајнтрахт 5:1

Дизелдорф – Хановер 2:1

Фрајбург – Нирмберг 5:1

Херта – Леверкузен 1:5

Мајнц – Хофенхајм 4:2

Шалке – Штудгарт 0:0

Вердер – Лајпциг 2:0

Волфсбург – Аугсбург 8:1

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Видео: „Црвената армија“ на Клоп незапирлива, неверојатен пресврт на Арсенал

Големото дерби на „Стенфорд Бриџ“ му припадна на Ливерпул, кој продолжува со максималниот …