Дома Фудбал Германија Баерн го претстави Нагелсман: Знам дека тука мора да се освојуваат трофеи

Баерн го претстави Нагелсман: Знам дека тука мора да се освојуваат трофеи

Јулијан Нагелсман е претставен денес за нов тренер на Баерн.

Одличниот 33 годишен стратег доби шанса да го води најголемиот германски клуб и не го криеше задоволството што го презема клубот за кој и навива.

„Чувството е одлично. Среќен сум што сум тренер на Баерн. Ќе биде ова возбудлива прва сезона и многу сум среќен што стартувам денес. Мотивацијата е огромна. Знам дека мора да се освојуваат трофеи, тоа го сакам и јас. Се надевам дека наскоро ќе се вратат и навивачите“, порача Нагелсман.

Претходните тренери не се прашуваа премногу за играчите кои доаѓаат во клубот, а Наглесман зборуваше токму за тоа.

„Мислам дека клубот треба да се консулитра со тренерот. Јас секогаш ќе го давам своето мислење,  на крајот платаа на играчот и во главно играчот останува во клубот подолго од тренерот. Секогаш сакаме заедно да носиме важни одлуки“, изјави новиот стратег на Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Челзи почна преговори со Жоржињо, тој сака да се врати во Италија

Фудбалерот на Челзи, Жоржињо би можел да го напушти клубот и пред завршување на договорот …