Дома Фудбал Баерн го доведе најдобриот пријател на Мане

Баерн го доведе најдобриот пријател на Мане

Садио Мане ова лето од Ливерпул се пресели во Баерн Минхен. Феноменалниот Сенегалец одлучи дека после осум години на „Енфилд“ време е за промена на дестинацијата.

Сега Мане покрај себе во Минхен ќе го има и неговиот најдобар пријател. Нов член на Баен стана Бенин Десире Сегба (29) кој потпиша договор на две години. Сигурно дека присуството на најдобриот во истиот град е вистинско задоволство за Мане.

Овој 29-годишник ќе игра за резервите на Баерн. За него ова е потпис на кариерата затоа што претходно во главно играше за помали клубови. Така настапуваше во Луксембург како и за неколку француски нисколигаши. Треба да се спомене и дека има седум натпревари за репрезентацијата на Бенин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дориев останува прв стрелец, Согдиана чека победа и по дуелот со Бухоро

Љупче Дориев ги одигра сите 90 минути во ремито 1:1 со Бухоро, а по мечот имаше време и за…