Дома Фудбал Германија Ајнтрахт за само два часа го распродаде стадионот за мечот со Бенфика!

Ајнтрахт за само два часа го распродаде стадионот за мечот со Бенфика!

0

Навивачите на Ајнтрахт Франкфурт се вистински хит оваа сезона во европските натпреварувања и покажаа како вистински се сака и бодри својот тим.

Синоќа фановите на германскиот тим го соборија рекордот за гостински навивачи и пристигнаа во огромна бројка во Милано. Според последните информации имало околу 20.000 фанови кои го следеле тимот во Италија, што е рекорд во европските натпреварувања.

Меѓутоа, само ден подоцна приврзаниците на Ајнтрахт уште еднаш ја импресионираа фудбалска Европа. Имено, стадионот во Франфкурт кој има капацитет од 51.000 места се распродаде за само два часа за четвртфиналето.

Ајнтрахт денес на ждребот за противник го доби тимот на Бефика, па за неполни два часа стадионот беше распродаден. Клубот потврди дека останати се само билети за гостите, и уште некоја ВИП влезница.

Првиот меч меѓу двете екипи се игра во Лисабон на 11 април, а реваншот е седум дена подоцна во Франкфурт.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Најбрзите во Премиер лигата: Голманот на Фулам бил побрз од Салах!

Сезоната во Премиер лигата е завршена, а сега е откриено кои играчи беа најбрзи во ова нат…