Дома Фудбал Лига на шампиони Ајакс ќе мора преку Кипар до елитата

Ајакс ќе мора преку Кипар до елитата

0

Се знае кој е кој на овој натпревар. Холандскиот шампион е апсолутен фаворит за пласман во групната фаза во Лигата на Шампиони.

АПОЕЛ не смее да се потцени

АПОЕЛ со години наназад е редовен учесник во групните фази на европските натпреварувања, а во таа цел успеа и сезонава. Досега АПОЕЛ ги елиминираше Сутјеска и Карабаг без посериозни проблеми и ќе игра растеретено против Ајакс, особено на овој прв меч на домашен терен. Тимот им е составен од еден куп интернационалци од сите континенти. Главни играчи им се словенскиот репрезентативен напаѓач Безјак и несудениот македонски репрезентативец и брат на Немања Матич, Урош.

Ајакс нема да биде значително послаб од минатата сезона

За Ајакс не треба да се трошат премногу зборови. Оваа екипа минатата сезона играше во полуфиналето од Лигата на Шампиони и би било чудо сезонава да не избори пласман во групната фаза. Повеќето играчи останаа во тимот со исклучок на Ласе Шоне кој замина во Џенова, Де Лигт во Јувентус и Де Јонг во Ајакс. Двајца од овие беа носители на играта минатата сезона, но Ајакс успеа да донесе и квалитетни засилувања како Промес од Севиља и уште неколкумина млади таленти кои се очекува да блеснат во блиска иднина. Во минатото коло Ајакс се намачи против ПАОК, но заслужено го елиминираше а сега се чини дека ќе имаат далеку полесна задача.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Липи го брани Де Лихт: Се сеќавате на Зидан?

Maтијас Де Лихт ова лето направи трансфер од Ајакс во Јувентус. Холанѓанецот го сакаа неко…