Дома Останати АТП: Мари како прв ќе влезе во новата година, Ѓоковиќ втор!

АТП: Мари како прв ќе влезе во новата година, Ѓоковиќ втор!

Енди Мари, прв пат во кариерата, годината ја заврши како прв на АТП листата. Шкотскиот тенисер, синоќа го освои завршниот Мастерс со победата над Новак Ѓоковиќ 6:3, 6:4.

Енди Мари е прв на АТП листата со 12.685 бодови, што е безмалку 1.000 поени од доскорешниот број 1, Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер е втор со 11. 780 бодови.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Меѓу најдобрите десет по последниот турнир се случија неколку промени. Милош Раониќ кој играше во полуфиналето во Лондон е на третото место, што е негов најдобар пласман во кариерата. На третото место тој го мина Стан Вавринка кој на завршниот Мастерс не успеа да ја мине групата.

Најдобар ранкинг во кариерата бележат уште Марин Чилиќ и Доминик Тим, овие двајца годината ќе ја завршат на шестото, односно осмото место.

АТП, Топ 10:
1. Енди Мари (Велика Британија) 12.685
2. Новак Ѓоковиќ (Србија ) 11.780
3. Милош Раониќ (Канада) 5.450
4. Стан Вавринка (Швајцарија) 5.315
5. Кеи Нишикори (Јапонија) 4.905
6. Марин Чилиќ (Хрватска) 3.650
7. Гаел Монфилс (Франција) 3.625
8. Доминик Тим (Австрија) 3.415
9. Рафаел Надал (Шпанија) 3.300
10. Томаш Бердих (Чешка) 3.060.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ова е следниот турнир каде ќе игра Ѓоковиќ

Како што стојат работите, Новак Ѓоковиќ веќе одреди на кој турнир ќе се појави по подолга …