Новак Ѓоковиќ започна уште една недела 369-та на првото место на АТП листата. Пласманот во полуфиналето во Мадрид за Ѓоковиќ беше доволен да остане лидер.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Зад српскиот тенисер остана Данил Медведев кој е пред Зверев, Надал и Циципас. Најголем скок на листата направи 19-годишниот Карлос Алкараз кој ги елиминираше Ѓоковиќ, Надал и славеше против Зверев во финалето за титула во Мадрид.




Алкараз по освоената титула стигна до шестата позиција на АТП листата. Во женска конкуренција на врвот е Ига Швјонтек од Полска пред Барбара Крејчикова и Паула Бадоса. Освојувачката на турнирот во Мадрид Онс Жабер направи скок од три места и дојде до седмата позиција.