Дома Топ вести Атлетико и Милан ја сакаат ѕвездата на Бенфика

Атлетико и Милан ја сакаат ѕвездата на Бенфика

Напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нуњес ја воодушеви фудбалската јавност и е на мета на многу европски гиганти.

22-годишниот уругвајски репрезентативец игра одлично, но во договорот има откупна клаузула од 150 милиони евра, а Бенфика сигурно нема да сака лесно да се откаже од него.

Италијанските медиуми пренесуваат дека најсилен интерес за напаѓачот покажува Атлетико Мадрид, но Милан и Јувентус ја следат ситуацијата.

Симеоне е во потрага по квалитетен напаѓач кој ќе биде наследник на Луис Суарез и верува дека токму неговиот сонародник ќе биде идеално решение.

Бенфика минатата година за потписот на Нуњес плати 24 милиони евра, а неговата цена драстично порасна во моментов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…