Едисон Кавани е приоритет за Атлетико Мадрид овој јануари, но ако преговорите со ПСЖ не бидат успешни Атлетико има „план Б“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Планот „Б“ на Атлетико се нарекува – Александар Лаказет! Мадритскиот весник „Марка“ тврди дека Диего Симеоне и управата на Атлетико спремни се да го понудат Лемар во замена за Лаказет.
Oва потенцијално може да биде одлична зделка за двете страни бидејќи клубовите се во потрага по играчи на позиции кои ги покриваат Лаказет и Лемар.
Ќе потсетиме, Атлетико со недели е во потрага по играч кој би го заменил повредениот Диего Коста и долгорочно би ја превземал улогата на еден од двајцата напаѓачи во стартниот тим. Додека Лемар би бил засилување за Арсенал на левата странична позиција во нападот.
Лаказет не е ново има во листата на скаути на Атлетико. Французинот беше интересен и во времето кога настапуваше во Лион, но тој на крајот избра да се пресели во Арсенал.