Дома Фудбал Италија Аталанта сруши рекорд во Лигата на шампионите кој го држеше Црвена Звезда

Аталанта сруши рекорд во Лигата на шампионите кој го држеше Црвена Звезда

Екипата на Аталанта вчера доживеа тежок пораз од Ливерпул, 5:0 во 3. коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Тоа беше прв натпревар во која екипата од Бергамо сезонава не постигна гол.

Освен тоа, Аталанта вчера стана и рекордер во Лигата на шампионите. На натпреварите на овој клуб паѓаат повеќе голови отколку на било кој друг клуб во историјата.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Ова беше 12. натпревар на Аталанта во ЛШ и вкупно на тие натпревари паднаа 48 голови (постигнаа 23, примија 25) што во просек е 4 по натпревар. Тоа е најмногу во конкуренција на сите клубови кои одиграле барем 10 натпревари во ова натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Селекторот на Белгија соопшти добри вести за навивачите

Селекторот на белгиската репрезентација Доменико Тедеско вечерва изјави дека бекот Том Мен…