Дома Фудбал Италија Аталанта не знае да запре: Чудото од Бергамо рамо до рамо со Реал и Баерн!

Аталанта не знае да запре: Чудото од Бергамо рамо до рамо со Реал и Баерн!

Аталанта дефинитивно е освежувањето во италијанскиот фудбал, но и во Лигата на шампионите каде што ќе играат во четвртфиналето.

Тимот од Бергамо постигна 20 голови повеќе од Јувентус и двојно повеќе од Милан, а со новата победа влезе во историјата во фудбалот во ерата на корона.

Аталанта со победата против Сампдорија од 2:0 во 31. коло од Серија А дојде до третата позиција, оствари клупски рекорд од девет победи во низа и дојде до 20. победа во сезоната. Само една ги дели од клупскиот рекорд кој го поставија пред три години.

Со оглед на тоа како игра Аталанта никој не се сомнева дека тој рекорд ќе биде срушен, посебно затоа што до крајот на сезоната има уште седум кола.

Освен тоа Аталанта има совршен ефект после продолжување на фудбалот по паузата поради коронавирусот. На таков учинок во најсилните топ 5 првенства се само уште Баерн и Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Големи критики за Пике: Тој е второкласен и просечен играч

Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид и интернационалец на Аргентина (освојувач на Светско…