Дома Фудбал Англија Артета: Ќе го паметам овој ден!

Артета: Ќе го паметам овој ден!

Арсенал избори драматична, но исклучително важна победа против Борнумт и тоа во последните секудни (3:2).

Борнмут најпрво го шокира лидерот и водеше со 0:2, но Арсенал успеа да дојде до израмнување, а потоа и до голема победа со голот на Рис Нелсон во 96-та минута.

„Ќе го паметам овој ден поради многу причини. Воодушевен сум од нашата иницијатива и храброст. Не е секогаш лесно, тогаш до израз доаѓаат најдобрите тимови. Мораме да си олесниме. Тоа е Премиер лигата, противниците се квалитетни и нема да ви олеснат. Рис ретко беше дел од тимот бидејќи се повреди, но одигра исклучително добро. Неверојатно е да се доживее вакво искуство, навивачите беа неверојатни“, изјави Артета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Маркос Рашфорд во центарот на спектакуларен трансфер

Маркос Рашфорд би можел да се најде во центарот на еден од најинтересните потези во завршн…