Дефанзивецот на Бенфика Алесандро Грималдо може да се пресели во Арсенал на лето, пренесуваат англиските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Топџиите“ на лето ќе сакаат значително да ја засилат последната линија, а последните и информации се дека ќе му ја отворат излезната врата на Мустафи и Начо Монреал.
Замената за Монреал може да биде токму Грималдо, кој има договор со Бенфика до 2021 година.
23-годишниот Шпанец игра одлична сезона во дресот на лисабонските „орли“ и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Поради тоа Арсенал сака што е можно побрзо да го договори трансферот за да ја победи конкуренцијата.