Дома Топ вести Арсенал спреми 50 милиони за дефанзивец од Примера

Арсенал спреми 50 милиони за дефанзивец од Примера

Приоритет на Арсенал во летниот преоден рок ќе биде засилување на одбраната и доведување на врвен дефанзивец.

Прва мета е дефанзивецот на Севиља, Диего Карлос, кој со своите добри партии оваа сезона го привлече вниманието на многу европски гиганти. Тој ова лето пристигна од Нант за 15 милиони евра и веднаш покажа класа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


27-годишниот дефанзивец е на радарот на многу европски клубови, но Ливерпул е спремен да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори со неговиот агент.

Одбраната е најслаба точка кај „топџиите“, а Артета смета дека Карлос би бил идеално засилување и дека ќе донесе стабилност во последната линија.

Севиља за слободата на Бразилецот бара 50 милиони евра, па се очекува наскоро Арсенал да ја испрати првата понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тажна вест: Почина легендарниот Велибор Џаровски – Џаро, македонскиот „крал на местенките“

На 75-годишна возраст денеска по кусо боледување почина легендарниот Велибор Џаровски R…