Дома Топ вести Арсенал спремен да ја плати откупната клаузула за Осимен

Арсенал спремен да ја плати откупната клаузула за Осимен

Англиските медиуми пренесуваат дека Арсенал е силно заинтересиран за напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Приоритет на Артета ова лето ќе биде доведување на врвен напаѓач, а прва желба е токму Осимен. „Гардиан“ пренесува дека „топџиите“ веќе стапиле во контакт со агентот на напаѓачот.

Осимен иако го продолжи договорот со Наполи сепак најави дека на лето ќе ја промени средината, а сака кариерата да ја продолжи во Премиер лигата.

За него интерес од поодамна покажува Челзи, а сега и Арсенал се вклучи во битката за неговиот потпис и е спремен да ја плати откупната клаузула од 110 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…