Дома Трансфер зона Арсенал се уште се надева да го задржи Вилшер

Арсенал се уште се надева да го задржи Вилшер

Раководството на Арсенал се уште се надева дека Џек Вилшер може да ја прифати понудата и да потпише нов договор со клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Договорот на Вилшер истекува на крајот на сезоната и може да си замине како слободен агент, а инетерс кон него покажуваат голем број на европски клубови.

Меѓутоа, од „Емирати“ се уште се надеваат дека тој ќе ја прифати нивната понуда и ќе го продолжи договорот до 2022 година.

Двете страни преговараат веќе подолго време, а основен проблем е платата бидејќи „топџиите“ му нудат помалку пари од актуелните 110.000 фунти кои ги добива неделно.

Последната понуда од Арсенал е 90.000 фунти неделно и се надеваат дека 26-годишниот плејмејкер ќе ја прифати и ќе остане на „Емирати“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…