Дома Трансфер зона Арсенал и Ливерпул во битка за ист фудбалер: Кој ќе плати 50 милиони евра?

Арсенал и Ливерпул во битка за ист фудбалер: Кој ќе плати 50 милиони евра?

Според последните информации од Германија и Островот премиерлигашите Арсенал и Ливерпул водат битка за фудбалер на Ајнтрахт Франкфурт.

Имено, 22-годишниот Вилијан Пачо од Еквадор е интересен за двата гиганти од Премиер лигата кои сезонава заедно со Манчестер Сити се борат за титулата во најсилното англиско натпреварување.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Но, Германците нагласуваат дека претходно интерес за Пачо покажал и Реал Мадрид за кого навикнавме во последните години да се засилува со млади талентирани и квалитетни фудбалери.

Најавите се дека Франкфурт нема да го пушти Пачо за сума под 50 милиони евра, а ако успеат во нивната намера тоа за нив ќе биде супер заработка. Еквадорецот во германскиот клуб пристигна минатото лето за девет милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Бензема може да потпише за Фенербахче

Карим Бензема после една година помината во Саудиска Арабија би можел да се врати во Европ…