Во овој момент Арда Ѓулер е со репрезентацијата на Турција на Европското првенство и вечерва го очекува натпревар против Австрија.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Турскиот фудбалер поради настапот на првенството ќе има пократок одмор, но и во таква ситуација имаше јасна порака до тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти.
„Арда го инфомираше Анчелоти дека сака да биде на подготовките уште од првиот ден и со задоволство ќе игра во подготвителните натпревари. Не му е потребен одмор по првенството“, најавуваат турските медиуми.
Во редовите на Реал Мадрид, Ѓулер пристигна за 20 милиони евра од Фенербахче, меѓутоа на почетокот често беше надвор од терените поради повреда. За „кралевите“ одигра само 12 натпревари, меѓутоа имаше некои одлични настапи, а во добра форма игра и на ЕП.