Дома Фудбал Англија Апетитите на Стерлинг проблем за Гвардиола: Дали тоа што го бара е премногу и за Сити?

Апетитите на Стерлинг проблем за Гвардиола: Дали тоа што го бара е премногу и за Сити?

Maнчестер Сити во новата сезона влезе можеби и со најголеми амбиции од основањето на клубот.

Изминатата сезона убедливо беше освоена Прермиер лигата, додека во Лигата на шампионите беа елиминирани од Ливерпул, па сега тоа натпреварување е поставено како приоритет на клубот.

Но во клубот постои проблем и тој се вика – Рахим Стерлинг.

Од почетокот на сезоната постигна два гола на три натпревари, неговата форма не е спорна, проблем прават преговорите за новиот договор.

Неговиот аткуелен договор истекува во 2020 година и од него тој инкасира 175.000 фунти неделно, но смета дека тоа не е доволно и дека мора да бидејќи најплатените, па бара покачување од 100.000 фунти.

Проблем се исто така бонусите и правата на комерцијалното користење на неговиот лик каде што Стерлинг сака поголем дел од „колачот“ за себе.

За една година Стерлинг ќе влезе во последната година од договорот и како таков сигурно ќе биде мета на голем број клубови, секако доколку работите не се променат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Легендарниот Лотар Матеус по разводот снимен со девојка која е помлада од неговата ќерка

Легендарниот германски фудбалер Лотар Матеус (65) беше виден како го прославува Октоберфес…