Дома Фудбал Анчелоти: Реваншот е полесен за Ливерпул отколку за нас

Анчелоти: Реваншот е полесен за Ливерпул отколку за нас

Реал Мадрид во првиот меч го победи Ливерпул на „Енфилд“ со 5:2, а утре се игра реваншот на „Сантиаго Бернабеу“.

Сепак, тренерот на „кралевите“ е категоричен дека реваншот ќе биде полесен за Ливерпул отколку за Реал Мадрид.

„Натпреварот утре ќе биде потежок за нас, отколку за Ливерпул. Тие ќе напаѓаат од првата минута, бидејќи нема што да изгубат. Резултатот од првиот меч е добар, но за нас ќе биде потепко утре. За утрешниот меч потребна ни е енергија, карактер и искуство“, изјави Анчелоти.

„Не зборуваме за добриот резултат од првиот меч, нема да се браниме и ќе се обидеме да напаѓаме. Мислам дека ќе биде отворен натпревар бидејќи ние нема да го браниме резултатот, сепак треба добро да се браниме“, заклучи Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Девет меча, девет гола: Три лондонски клуба го следат напаѓачот на Монца

Густаво Варела го привлече вниманието на Арсенал, Челси и Тотенхем, но Монца бара најмалку…