Дома Фудбал Анчелоти по тешката победа во Копа Дел Реј: На таков терен не се игра фудбал

Анчелоти по тешката победа во Копа Дел Реј: На таков терен не се игра фудбал

Шпанскиот гигант Реал Мадрид славеше со 1-0 против четвртолигашот Касерењо, а единствениот гол го постигна Родриго во 65. минута.

Тренерот Карло Анчелоти застана во одбрана на своите фудбалери, кои добија критики дека одиграле ужасно на теренот.

„Ми се допадна играта од прва до последна минута. Знаевме дека нема да биде лесно, но не ризикувавме во одбраната. Теренот беше ужасен.

Не може да играте добар фудбал на таков терен. Убаво е што помалите клубови може да се натпреваруваат со поголемите“, вели Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул веќе гледа замена ако замине Мек Алистер: на радар е играч на Астон Вила

Ливерпул наводно го следи Јохан Манзамби како можна замена за Алексис Мек Алистер, додека …