Дома Фудбал Анчелоти: Повеќе никогаш нема да играме со таа формација

Анчелоти: Повеќе никогаш нема да играме со таа формација

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, откри дека неговиот тим никогап повеќе нема да игра во формација 4-4-2.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Италијанскиот стратег се обиде со таа формација на натпреварот против Еспањол, но се покажа како погрешен потег бидејќи Реал беше поразен со 2:1.

„Се обидовме да одиграме 4-4-2, како против Еспањол, но се браневме очајно и работите не одеа како што сакавме. Идејата е јасна, овој тим мора да игра 4-3-3. Тоа е идеален систем за состав што го имаме на располагање“, изјави Анчелоти пред дуелот со Шахтјор.

Реал на ова гостување во Украина ќе биде без Лука Јовиќ, Еден Азар и Герет Бејл, а неколку дена подоцна кралевите ги очекува пеколен дуел со Барселона на Ел Класико. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо повторно испиша историја, ова не му успеало на никој друг!

Кристијано Роналдо го запиша своето име на уште една страница од фудбалската историја. Пор…