Дома Фудбал Анчелоти: Лут сум. Модриќ мораше да шутира пенал, но не го направи тоа

Анчелоти: Лут сум. Модриќ мораше да шутира пенал, но не го направи тоа

Со победата од 1:0 на Селта со голот на Џуд Белингем во 81. минута, РЕАЛ го задржа перфектниот учинок и по третото коло од Ла Лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Но, тренерот Карло Анчелоти беше лут по победата. Причината за ова е што Лука Модриќ не го изведе пеналот за Реал во 68. минута, туку му препушти на Родриго.

Бразилецот избори пенал, но брилијантно го одбрани Иван Виљар.

Модриќ беше замена и на третиот натпревар на Реал оваа сезона и во игра влезе пет минути пред пеналот.

По натпреварот, Анчелоти на пресот изјави: „Позната е хиерархијата на изведувачите на пенали.

Винисиус е прв, а Модриќ втор. Бидејќи Вини се повреди порано, а Модриќ беше во игра, тогаш пеналот мораше да го изведе Лука.

Тој го знае тоа и мораше. Сепак, тоа го направи Родриго. Не знам зошто Модриќ го дозволи тоа, бидејќи не само што знае дека тој е изведувачот, туку дури и пред овој пенал му кажав дека мора да шутира.

Играчите не одлучуваат кој ќе го изведе пеналот, јас одлучувам!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп за Меси: Замислете сите да трчаат само осум километри

ЈУРГЕН КЛОП (59) во интервју за Sky Sport го коментираше Светското првенство, особено иста…