Дома Фудбал Анчелоти за Барселона: Сите знаеме што правеа во последните 20 години

Анчелоти за Барселона: Сите знаеме што правеа во последните 20 години

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти одговори на прозивките кои изминатите денови доаѓаа од тренерот и претседателот на Барселона, Чави Ернандес и Жоан Лапорта.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Критиките од Барселона дојдоа откако Реал, минатата недела ја анулира негативата од два гола против Алмерија и победи со 3-2.

Тренерот Чави и претседателот Лапорта отворено го критикуваа Реал дека има помош од судиите и ВАР системот.

„Многу работи беа кажани минатата недела. Јас не сум го сменил мислењето, не сакам да коментирам такви работи. Не треба да го оттргнуваме вниманието од клучното прашање. Сите знаат што се случи во последните 23 години во шпанскиот фудбал. Лигата не е наместена, шпанскиот фудбал имаше проблеми. Сега антикорупциското обвинителство и полицијата истражуваат и нема друг избор освен да се чека“, изјави Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Незапамтена трагедија: Загина работник на стадионот „Камп Ноу“ во Барселона

Голема трагедија се случи во петокот на градилиштето на стадионот „Камп Ноу“, каде што во …