Дома Трансфер зона Антонио Конте во Интер го враќа напаѓачот кој многумина го заборавија?

Антонио Конте во Интер го враќа напаѓачот кој многумина го заборавија?

Искусниот Едер после скоро три години играње во Кина би можел овој јануари да се врати во Италија.

Едер летото 2018 година го напушти Интер и потпиша кинескиот Сунинг, но покажа желба да се врати на Апенините. Бразилецот кој настапуваше за репрезентацијата на Италија во оваа земја стигна уште во 2006 година кога од Крикуима дојде во академијата на Емполи.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Најдобрите денови ги помина во Сампдорија, а потоа одлучи кариерата да ја продолжи во Интер. Но, на „Меаца“ играше нешто повеќе од две години после што за шест милиони евра се пресели во Сунинг.

Сега, како што се пишува на Апенините 34 годишниот фудбалер сака да се врати во Италија, а најголем интерес за него покажа токму Интер.

Во Интер сериозно размислуваат да го вратат Едер бидејќи во него гледаат одлична резерва и играч кој со влегувањето од клупата би можел да направи разлика на теренот. Треба да се спомене и дека трансферот може да биде лесен за реализација затоа што Интер и Сунинг имаат исти сопственици.

Едер во дресот на Интер одигра 86 натпревари и постигна 14 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер купува дефанзивец од „Олд Трафорд“

Приоритет на Интер во летниот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец, пренесуваат ит…