Дома Трансфер зона Антонио Касано повторно ќе игра фудбал – веќе преговара со новиот клуб!

Антонио Касано повторно ќе игра фудбал – веќе преговара со новиот клуб!

0
kasano

Легендарниот Италијанец уште еднаш би можел да го промени мислењето.

Според информациите на експертот за трансфери Џанлука Ди Марцио, Антонио Касано одлучил да му се врати на фудбалот.

Овој 35 годишен фудбалер пред околу една година донесе одлука да се повлече, тоа беше на 18 јули 2017 година кога со изјава дека сака да поминува повеќе време со семејството стави крај на фудбалската кариера.

Веќе истиот ден се премисли и излезе со нова изјава дека со нетрпение чека да го облече дресот на Верона со која беше под договор, за само шест дена подоцна да се врати на првобитната одлука и да се повлече од активното играње фудбал.


Следете го Sportski.mk и на


Од крајот на јули минатата година е без клуб, Верона го раскина договорот со него, но Касано повторно го шокираше фудбалскиот свет и изјави дека не завршил со активното играње фудбал, како и дека до септември ќе се обиде да пронајде нов клуб.

Со оглед на тоа дека се уште е без клуб изгледа не успеал да пронајде соодветен ангжаман и се до денешната информација немаше никакви најави дека би можел да се врати на теренот.
Како што споменавме Ди Марцио пренесува дека фудбалерот е во контакт со Парма каде што настапуваше од 2013 до 2015 година.

Да потсетиме, Парма од наредната сезона повторно ќе ја гледаме помеѓу најдобрите италијански клубови во Серија А.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ањели сака да доминира и во Европа: Во Торино се спрема понуда за младата супер ѕвезда!

Како што пишуваат италијанските медиуми првиот човек на Јувентус Андреа Ањели знае која ќе…