Дома Македонски спорт Мак баскет Антиќ: 10 години чекав повторно да ги слушнам овие навивачи!

Антиќ: 10 години чекав повторно да ги слушнам овие навивачи!

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ вчера по втор пат дебитираше за Црвена Звезда во официјален натпревар.

Антиќ со 10 поени му помогна на тимот во победата, а потоа изјави дека 10 години чекал за повторно да ги слушне навивачите на тој клуб.

„Се е као и во 2005 година кога прв пат играв за Звезда. Чекав цели 10 години да го злушнам овој звук од трибините. Се е исто, салата, соблекувалната, балканско доживување. Ако е поинаку не би било убаво. Ова навистина треба да се доживее“, истакна Антиќ.

Бившиот македонски репрезентативец нагласи дека ќе му биде потребно време за да ја врати формата после повредата.

„Пресреќен сум што се вратив на терен после четири месеци од последниот официјален натпревар. Се уште физички не се чувствувам како што треба, па тренерот постепено ме воведува во ритам“, додаде македонскиот кошаркар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Шкендија верува: Можеме до пресврт против Рига

Утре Шкендија ја пречекува Рига во реванш дуел од Конференциската лига. Рига на домашен те…