Дома Фудбал Останато Анри жестоко удри по УЕФА и ФИФА: Луѓето плаќаат пари за да ги гледаат најдобрите!

Анри жестоко удри по УЕФА и ФИФА: Луѓето плаќаат пари за да ги гледаат најдобрите!

Густиот распоред во текот на сезоната во последно време е честа тема во фудбалската јавност, а сега на оваа тема се огласи и Тиери Анри.

Според легендарниот напаѓач, фудбалерите се премногу уморни и не можат да го прикажат најдоброто од себе, како пример го посочи Европското првенство кое се играше ова лето во Германија.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Погледнете го Европското првенство, дали ви се допапдна? Најдобрите играчи беа уморни, сите најдобри. Гајле ми е што луѓето зборуваат. Не сакам тоа да го гледам. Сакам да ги гледам најдобрите кои успеваат во она што го сакаат. Го гледам Манчестер Сити на почетокот на сезоната и најдобрите играчи се на клупа, а сме само почеток на сезоната. Навистина е премногу. Луѓето плаќаат пари за да ги гледаат најдобрите во најдобро издание“, изјави Анри.

Многумина сметаат дека и последни жртви на густиот распоред се Родри и голманот Марк Андре Тер Штеген. Кај двајцата настрадаа лигаментите на коленото и за нив сезоната е завршена. Вчера се повреди и Килијан Мбапе кој ќе паузира најмалку три недели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …