Дома Фудбал Анри го кажа својот фаворит за освојување на Лигата на шампионите, Карагер и Ричардс не се согласија

Анри го кажа својот фаворит за освојување на Лигата на шампионите, Карагер и Ричардс не се согласија

Славниот француски напаѓач Тиери беше гостин во „Си-Би-ес спорт“ каде што заедно со Џејми Карагер и Мика Ричардс ги коментираа натпреварите од Лигата на шампионите.

Французинот во таа ситуација беше запрашан кој ќе ја освои Лигата на шампионите, а одговори без многу размислувања.

„Веднаш ќе ви го кажам победникот – Арсенал. Поздрав и догледање“, кратко одговори Анри.

Од друга страна Ричардс прогнозираше дека сезонава ќе гледаме финале помеѓу Атлетико Мадрид и Манчестер Сити, додека Карагер „типува“ на одбрана на тронот на Манчестер Сити против ПСЖ во финалето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Брера со три гола негатива во Германија: нов тест за историската генерација

Младинците на Брера вечерва од 18 часот гостуваат кај Хофенхајм во реваншот од младинската…