Дома Кошарка Анонимус победи на Oл-стар натпреварот во забивање 🎥

Анонимус победи на Oл-стар натпреварот во забивање 🎥

Мек МекКланг, кошаркар кој не игра ни во НБА, победи на натпреварот за забивање на Ол-стар викендот во Солт Лејк Сити.

Мекланг досега има одиграно само два меча во НБА, по еден за Чикаго и ЛА Лејкерс. Тој во моментов настапува во развојната Џи-лига и се надева дека ќе добие договор од некој од НБА клубовите.

МекКланг триумфираше убедливо, а неговото прво забивање беше особено впечатливо кога прескокна двајца, прво ја удри топката од таблата, а потоа со две раце заби од страна.

Кога е во прашање пак шутирањето тројки, тука најмногу се истакна асот на Портланд, Демиен Лилард кој во финалето беше попрецизен од двоецот од Индијана, Бади Хилд и Тајрис Халибартон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

По дерби-победата нема опуштање: Пењароја бара цврст Партизан во Суботица

Партизан гостува кај Спартак со три победи од три натпревари, но Пењароја предупредува на …