Дома Фудбал Репрезентации Англиски новинар го налути селекторот на Хрватска: Јас зборувам на својот јазик

Англиски новинар го налути селекторот на Хрватска: Јас зборувам на својот јазик

Иако Хрватска во драматичен натпревар славеше против Шпанија со резултат 3:2, селекторот на Хрватите не беше премногу среќен. Најмногу тоа беше така поради повредата на Иван Ракитиќ.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Еден од најважните фудбалери на Хрватска во вчерашниот натпревар заработи повреда, а Далиќ потврди дека се вратил во Барселона на дополнителни прегледи.

Пред самото тргнување за Лондон на аеродромот во Загреб се случи една интересна ситуација. Додека Далиќ даваше изјава за хрватските новинари се вклучи и еден англиски кој сакаше селекторт на Хрватска претстојниот натпревар да го најави и на англиски јазик.

Сепак, новинарот не го доби она што бараше.

„Ја секогаш зборувам на својот јазик. Извини“, му се обрати Далиќ на англискиот новинар и продолжи да зборува на хрватски.

Далиќ откако заврши со Хрватите, на нивно барање прозборе и на англиски, но тоа беше многу кратко.

Со скоро иста ситуација Далиќ се сретна и на Светското првенство кога Хрватска играше исто така против Англија. На Англичаните тогаш не им се допадна што тој прашањата ги одговара на хрватски, но тогаш се вклучи портапролот на Фудбалскиот сојуз на Хрватска кој порача дека на прес-конференцијата на „коцкестите“ се одговара само на хрватски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Мурињо се сѐ повеќе поврзува со Реал – конечно го прекина молкот и ги коментираше шпекулациите

Жозе Мурињо ги негираше медиумските гласини кои го поврзуваат со враќање во Реал Мадрид. Н…