Дома Македонски спорт Ал Ахли: Алиоски нема да биде наш фудбалер, неговите финаниски барања се превисоки

Ал Ахли: Алиоски нема да биде наш фудбалер, неговите финаниски барања се превисоки

Репрезентативецот на Македонија, Езгјан Алиоски нема да премине во Саудиска Арабија во редовите на Ал Ахли поради превисоките барања.

Трансферот изгледаше како скоро договорен, се најавуваше дека преостануваат само формалности. Но, сега од клубот објавија дека преговорите пропаднале поради превисоките барања на Алиоски.

„Преговорите со Алиоски се прекинати, тој нема да стане наш фудбалер. Неговите финансиски барања беа превисоки“, објавија од Ал Ахли.

Претходно и Фатих Терим потврди дека Галатасарај се откажала од Алиоски

„Алиоски побара 7,5 милиони евра за три години, плус не се работи за класичен лев бек, па секако дека одбив да го ангажираме“, гласеше изјавата на Терим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Атлетико и Јувентус ја сакаат новата ѕвезда на Арсенал

Младата ѕвезда на Арсенал, Букајо Сака може да го напушти „Емирати“ следното лето. Интерес…