Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска ја започна 417-та недела на врвот на АТП-листата, со што продолжи да го подобрува сопствениот рекорд.
Ѓоковиќ е на првото место на АТП листата со 9.725 поени и 920 повеќе од Алкараз кој собра 8.805 поени. Шпанскиот тенисер ја одбрани титулата на Мастерсот во Индијан Велс, откако во финалето го совлада Русинот Данило Медведев со 7:6 (7:5), 6:1.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот тенисер Јаник Синер го задржа третото место на АТП листата со 8.310 бодови, додека Медведев е четврти со 7.765 бодови.
Германецот Александар Зверев напредуваше за едно место и сега е петти тенисер во светот, а зад него се Русинот Андреј Рубљев, Данецот Холгер Руне, Норвежанецот Каспер Руд, Полјакот Хуберт Хуркач и Австралиецот Алекс де Минор.