Дома Останати Тенис Алкараз го освои Индијан Велс и го симна Ѓоковиќ од врвот

Алкараз го освои Индијан Велс и го симна Ѓоковиќ од врвот

Откако Карлос Алкараз го победи Данил Медведев во финалето на Индијан Велс со 6:3 и 6:2 Новак Ѓоковиќ повеќе не е најдобар тенисер во светот.

Се очекуваше Медведев да пружи посериозен отпор, сепак Алкараз лесно стигна до третата титула во турнирската серија која е веднаш зад гренслемовите. Шпанскиот тенисер има максимален учинок во финалните дуели и стана трет тенисер со таков учинок.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Во финалето Русинот одигра под очекувањата и го претрпе првиот пораз по 20 победи во низа и три освоени турнири во Ротердам, Доха и Дубаи.

На врвот на АТП, Алкараз има повеќе поени од Ѓоковиќ, а пред него е турнирот во Мајами каде што ја брани титулата, а Ѓоковиќ лани не настапи тука. Ова значи дека Алкараз ќе мора да го освои овој турнир ако сака да остане лидер, во спротивно Ѓоковиќ ќе се врати на првата позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Изјава која силно одекна на Вимблдон: Алкараз сака многу девојки, затоа Синер ќе биде поголем.

Контроверзниот тенисер Ник Кирјос во свој стил изнесе став за тоа кого го гледа како погол…