Maсимилијано Алегри по отказот во Јувентус се уште е без клуб, а италијанските медиуми пишуваат дека е најсериозен кандидат да го наследи Антонио Конте во Интер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Освен што се најавува дека Алегри би можел да седне на клупата на Интер, се шпекулира и дека со себе би донел познато име. Марио Манџукиќ со Алегри соработуваше во Јувентус после што замина во Катар, но таа епизода брзо ја заврши и сега е без ангажман.
Хрватот веќе некое време се поврзува со враќање во Италија. Освен Интер опција за Манџукиќ е и Рома која наводно е заинтересирана (повеќе за ова тука). Во Рома Манџукиќ би бил потенцијална замена за Џеко кој наводно е пред заминување.