Дома Фудбал Италија Алегри за глупоста на Кин: Можеби беше нервозен затоа што малку игра…

Алегри за глупоста на Кин: Можеби беше нервозен затоа што малку игра…

Јувентус до вчерашниот натпревар беше во одлична форма, но на „Олимпико“ Рома славеше победа од 1:0.

Не изгледаше Јувентус лошо на теренот, погодија фудбалерите на „старата дама“ и три стативи, меѓутоа на крајот како одлучувачки се покажа голот на дефанзивецот Манчини.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Овој фудбалер беше во центарот на вниманието и кога во 89-тата минута Моис Кин кој влезе неполна минута претходно доби директен црвен картон. По еден дуел Кин ги загуби нервите и го шутна Манчини.

На прес-конференцијата по натпреварот за оваа ситуација зборуваше и тренерот Алегри.

„Очигледно е дека погреши, направи грешка и се извини, но секако не смеат да ни се случуваат вакви работи. Секогаш кога ќе влезете на теренот, без разлика која минута е можете да влијаете на резултатот. Можеби беше нервозен затоа што не игра многу“.

Алегри и очекувал да биде тешко против Рома.

„Рома немаше примено гол на пет натпревари во низа, а постигнаа гол преку Манчини од далечина и тоа беше тоа. Ние погрешивме во неколку клучни ситуации“, изјави Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пикфорд во натпреварот против Србија израмни рекорд

Репрезентацијата на Англија вчера ја победи Србија со 0:1 во натпреварот кој се играше во …