Екипата на Јувентус во вчерашниот натпревар во рамките од италијанската Серија А запиша победа над фенерџијата СПАЛ од 4:1.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
За Јувентус ова беше втора победа во низа во која постигнуваат повеќе погодоци, претходно тие славеа против Удинезе на гостински терен со резултат 2:6, сепак тренерот на овој тим Масимилијано Алегри не беше премногу задоволен од прикажаното.
„Против СПАЛ успеавме да победиме, постигнавме четири погодоци, но тоа е екипа од долниот дел на табелата. Доколку одиграме вака во дербито против Милан наредното коло, тие нас ќе не уништат“, изјави Алегри.
Дербито помеѓу Милан и Јувентус се игра во сабота со почеток во 18:00 часот.