Дома Фудбал Останато Алаба: Заминувам од Баерн, сакам да пробам нешто ново

Алаба: Заминувам од Баерн, сакам да пробам нешто ново

Давид Алаба денес и официјално потврди дека на крајот од сезоната заминува од Баерн Минхен.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Алаба со Баерн освои се што можеше да се освои, а во Минхен пристигна уште пред 13 години. Но, на крајот на оваа сезона ќе го напушти Баерн како слободен играч бидејќи му истекува договорот.
Овој 28 годишник денес ја потврди одлуката.

„Донесов одлука да го напуштам Баерн на крајот на оваа сезона затоа што сакам да пробам нешто ново. Очигледно тоа не беше лесна одлука, тука сум 13 години и овој навистина ми значи многу“, порача Алаба.

Според најавите нов клуб на Алаба би требало да биде Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Неверојатната сезона на Тер Штеген – стана шампион, но испадна и од лига

Германскиот голман Марк-Андре Тер Штеген доживеа навистина необична сезона во шпанскиот фу…