Дома Фудбал Останато „Алаба ми кажа дека негов сон е да заигра за Барселона“

„Алаба ми кажа дека негов сон е да заигра за Барселона“

Ова лето Давид Алаба го напушти Баерн Минхен и се пресели во Реал Мадрид, на претставувањето Алаба изјави дека неговиот сон бил да игра за Реал Мадрид.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Но, сега почесниот претседател на Баерн, Ули Хенес излезе со поинаква изјава и тврди дека Алаба сакал да игра за Барселона.

„Алаба дојде и ми кажа: Сон ми е да играм во Барселона. На тоа јас го прашав дали ќе преговара со нивниот претседател или со стечајниот управник“, алудирајќи на финансиската ситуација во каталонскиот гигант.

Според Хенес Баерн е фаворит во вечерашното дерби на „Камп Ноу“.

„Баерн е фаворит затоа што Барса не може да биде топ клуб откако ги продаде најдобрите играчи, а тука се и економските проблеми кои ги имаат“, изјави Хенес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мајсторски нафрли: Асистенција на Елмас за Наполи! (Видео)

Фудбалерите на Наполи се на чекор до потврда на местото во Лига на шампиони, а важна улога…