Дома Фудбал Англија Ако Конте замине, Тотенхем ќе бира меѓу Покетино и Манчини

Ако Конте замине, Тотенхем ќе бира меѓу Покетино и Манчини

Се погласни се шпекулациите дека Антонио Конте на крајот на сезоната може да го напушти Тотенхем.

Конте пристигна во Тотенхем во декември и веднаш го „препороди“ тимот, па е блиску до избори пласман во Топ 4, но на лето би можел да се пресели во ПСЖ.

Тотенхем веќе почна да разгледува варијанти за негов наследник и прв избор е токму Маурисио Покетино, кој е пред отказ во ПСЖ.

Покетино стекна легендарен статус во Тотенхем и е спремен да се врати во Лондон на лето.

Како алтернатива се споменува и актуелниот селектор на Италија, Роберто Манчини, кој е во одлични односи со спортскиот директор  на Тотенхем, Фабио Паратичи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мората пред сензационално враќање во Шпанија, ќе заигра ли во втора лига?

Алваро Мората се подготвува да направи еден од најизненадувачките потези во својата кариер…