Дома Трансфер зона Азар соиграч на Алиоски?

Азар соиграч на Алиоски?


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Eден Азар е се поблиску до заминување од Реал Мадрид, иако е најскап фудбалер во историјата на „кралевите“ сепак неговиот престој во Мадрид е очаен.

Шанса од Карло Анчелоти Белгиецот доби против нисколигашот Касерењо во Копа Дел Реј, но и против ваков тим кој е далеку од нивото Реал Мадрид тој не покажа скоро ништо, а беше и забележително дека не е во најдобра физичка форма.

Сега последните најави од Турција се дека интерес за Азар покажал турскиот гигант Фенербахче каде што настапува македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски.

Турските медиуми објавуваат дека Фенербахче се понудил да исплати повеќе од две третини од платата која ја добива Азар. Тоа секако му одговара на Реал, меѓутоа не е познато дали Азар има желба да игра во Турција.

Во Реал Мадрид Азар дојде во 2019 година и од тогаш собра само 74 натпревари во повеќе од три години, постигна само седум гола и запиша 11 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи веќе мисли на наредниот преоден рок: „Сините“ сакаат засилување од Милан?

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Само што заврши јану…