Дома Фудбал Азар и Штиндл го срушија Баерн, Видал погоди за утеха

Азар и Штиндл го срушија Баерн, Видал погоди за утеха

Бундеслигата денес ни приреди навистина многу возбудвања.

После натпреварот кој долго ќе се памети помеѓу Борусија Дортмунд и Шалке кој заврши 4:4, следуваше изненадувачки пораз на Баерн Минхен.

Борусија Менхенглдбах го изненади тимот на Јуп Хејнкес и славеше победа од 2:1. Двата погодоци домаќините ги постигнаа во првиот дел. Торган Азар, братот на ѕвездата на Челзи со удар од белата точка го доведе својот тим во водство.

Само пет минути подоцна следуваше нов шок за баварците, овој пат Штидл успеа да се снајде и да доде до Гинтер на кого не му беше тешко да ја погоди мрежа и да зголеми на 2:0.

Во вториот дел Баерн прикажа добра игра, се играше пред голот на домаќините, но се што успеаа да направат беше само во 74 минута на Артуро Видал за конечни 2:1

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нешвил на бод до трофеј, Калахан предупредува: Нема место за опуштање!

Реми во Монтреал ќе му биде доволно на Нешвил за „Сапортерс шилд“, но Би Џеј Калахан бара …