Дома Фудбал Лига на шампиони Адеми: Не беше Челзи слаб, ние толку му дозволивме да игра

Адеми: Не беше Челзи слаб, ние толку му дозволивме да игра

Динамо Загреб успеа да го победи Челзи со 1:0 во првото коло од Лигата на шампионите, а едни од најзаслужните за победата беа македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Адеми беше прогласен и за играч на натпреварот, па така стана првиот македонски фудбалер кој успеал да го добие ова признание во натпревар од Лигата на шампионите.

„Покажавме дека сме силен тим, тоа се знаеше и порано, сега само го демонстриравме против европски гиганти. Имавме и грешки, но одигравме добро. Петковиќ и Оршиќ беа одлични. Заслуживме да победиме, не беше Челзи слаб, ние толку му дозволивме да игра“:

Следен натпревар за Динамо е против Горица во хрватското првенство која од клупата ја предводи Игор Ангеловски.

„Секако дека ова беше голем натпревар, еден од најголемите, се надевам дека во иднина ќе има и поголеми. Не сакаме да даваме изјави за Салцбург и Милан, сконцентрираме сме на Горица со која ќе играме в сабота“, изјави Адеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Стефан Ристовски се сели во Србија

Македонскиот интернационалец Стефан Ристовски кариерата ќе ја продолжи во Србија. Како ПАМ…