Дома Фудбал Адеми и Ристовски го освоија и Купот на Хрватска

Адеми и Ристовски го освоија и Купот на Хрватска

Фудбалерите на Динамо Загреб по шампионската титула, триумфираа и во Купот на Хрватска откако во реваншот ја совладаа Риека со 3:1. 

Македонските фудбалери Аријан Адеми и Стефан Ристовски кренаа уште еден пехар оваа сезона и стигнаа до двојната круна.

Сучиќ во 28.минута го доведе Динамо Загреб во водство, а Батурина пред крајот на првиот дел зголеми на 2:0.

Булат во 82.минута стави крај на сите надежи на Ријека, која само го ублажи поразот во 91.минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дувикас блеска во Комо: Фабрегас има голема заслуга за мојот напредок

Грчкиот напаѓач ужива во Комо, каде што ги истакнува заслугите на Фабрегас и стручниот шта…