Дома Фудбал Агуеро ја тужи Барселона, бара три милиони евра

Агуеро ја тужи Барселона, бара три милиони евра

Серхио Агуеро бара Барселона да му исплати оштета во висина од три милиони евра за сезоната 2023/2024.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, поранешниот напаѓач на Барселона поднел тужба против каталонскиот клуб поради неисплатени плати во износ од три милиони евра.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Агуеро се пресели во Барселона во мај 2021 година, но мораше да ја заврши кариерата во декември истата година, откако му беше дијагностицирана срцева болест.

Во договорот со Барса било дефинирано дека нема да има никакви побарувања за втората сезона од потпишаниот двегодишен договор.

Агуеро сепак очекува да му бидат исплатени платите за периодот во кој настапуваше за каталонскиот клуб, па сега официјално го тужел клубот поради неисплатени пари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интересен избор: Венгер посочи кој е негов фаворит на СП 2026

Светското првенство 2026 започнува да предизвикува сè повеќе возбуда со претстојниот ждреб…