Дома Трансфер зона Агентот потврди: Тиаго Силва може да се врати во Милан

Агентот потврди: Тиаго Силва може да се врати во Милан

Капитенот на Пари Сент Жермен, Тиаго Силва може да го напушти клубот на крајот на сезоната како слободен агент.

Договорот на 35-годишниот Бразилец истекува на крајот на сезоната, а неговиот агент потврди дека нема преговори за продолжување на соработката.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Тиаго Силва може да се врати во Милан. „Росонерите“ се заинтересирани да го вратат Бразилецот, а тоа го потврди и неговиот агент.

„Во моментов нема преговори со ПСЖ. Тиего би сакал да ја продолжи кариерата во Париз, но доколку не му биде понуден нов договор ќе ги разгледа другите варијанти. Секогаш имал одлични односи со Милан, ќе биде среќен доколку се врати на Сан Сиро“, изјави агентот на Бразилецот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јунајтед и Сити водат битка за албански репрезентативец

Двата клува од Манчестер на лето ќе се борат на трансфер пазарот за потписот на дефанзивец…